Ракометниот клуб Бутел од Скопје ќе игра во второто квалификациско коло за настап во Европската лига на ЕХФ. Македонскиот претставник повторно ќе игра во ракометна Европа, а на денешната ждрепка во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена го дозна својот противник.
Скопскиот тим беше носител во пресрет на ждрепката на ЕХФ. Среќата посака Буртел за противник да го добијат тимот на Алпла Хард, екипа која во претходното коло му беше противник на Еурофарм Пелистер 2.
Во првото претколо Еурофарм Пелистер 2 двапати загуби од Алпла Хард со по три гола разлика, па со тоа го заврши својот дебитантски настап во Европа.
Македонија има преставник во групната фаза на натпреварувањето, таму е екипата на Еурофарм Пелистер, која повторно има високи амбиции.