Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»РК Вардар со соопштение: Дадовме гаранции за долговите, но ЕХФ не ги прифати!
    Ракомет

    РК Вардар со соопштение: Дадовме гаранции за долговите, но ЕХФ не ги прифати!

    risteBy riste23/06/2022No Comments4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во текот на вчерашниот ден Европската ракометна куќа (ЕХФ) го исфрли Вардар 1961 од своите натпреварувања, а денес со официјална реакција се огласи и РК Вардар. Првиот човек на клубот, Михајло Михајловски преку официјално сооптение на веб страницата упати порака до јавноста.

    Вардар преку официјално соопштение ја објасни ситуацијата, нагласено е дека скопскиот тим дал гаранции за исплата на долговите од претходното раководство, меѓутоа ниту тоа не ја спречи Европската ракометна федерација (ЕХФ) да го казни. Михајловски ги повика и спонзорите, како и лицата кои ветиле дека ќе му помогнат во овој проект, но не го одржале зборот нагласувајќи дека Вардар е бренд.

    Во продлжение во целост соопштението на РК Вардар 1961:

    Почитувани спортски пријатели, навивачи и поддржувачи на РК Вардар

    По освојувањето на двојната круна во Македонија, со нетрпение го очекувавме почетокот на новата сезона во која повторно ќе играме меѓу најдобрите екипи во Лигата на шампионите. Стабилноста на клубот последните две сезони ни дава за право да се надеваме на повторување и подобрување на постигнатите резултати досега.

    За жал од ЕХФ на 17 јуни 2022 год, добивме известување дека поради ненавремено подмирување на обврските Вардар не може да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Во изминатиов период од 2 год. беа подмирени обврски во висина од околу 2.3 милиони евра и беше уплатен депозит на сметка на ЕХФ во висина од 300.000 евра.

    На 21 јуни 2022 год. во утринските часови РК ВАРДАР 1961 АД Скопје вложи приговор до ЕХФ и понуди издавање на неотповиклива банкарска гаранција за обврските над износот на депозитот од 300.000 ЕВРА, кој што ќе бидат верификувани. Но, ЕХФ на 22 јуни не го прифати тоа, и ја потврди одлуката за исклучување.

    Во изминатите 2 години РК ВАРАР 1961 АД Скопје, вложи максимални напори да го одржи ракометниот клуб на високо ниво, а во исто време да се вратат долгови кон играчите. Иако беше ветена голема поддршка за жал таа изостана од оние кој што најмногу ветуваа и инсистираа да се преземе управувањето со клубот.

    При преземањето на клубот во правна постапка согласно законските прописи со која што РК ВАРДАР 1961 АД Скопје, стана правен следбеник на клубот официјалните податоци укажуваа на заостанати обврски спрема играчи во висина од 2.5 милиони евра. Во време на светска криза и пандемија кога сите се соочуваат со проблеми од најразлична природа, а најмногу финансиска клубот успеа да го сервисира стариот долг што го имаше кон играчите од пред неколку сезони кога двапати беше европски шампион.

    Истовремено редовно да се сервисираат и сите обврски во однос на платите и настапите во лигата на шампионите, каде најчесто се патуваше со чартери кои чинат многу поскапо од редовните линии, а со цел да се заштити здравјето на ракометарите во ситуација на Ковид-19 пандемијата.

    Вистина е дека РК ВАРДАР 1961 АД Скопје имаше задоцнување во временската рамка кој што ја доставуваше за исплата на заостанатите обврски, при што последната исплата од 500.000 евра предвидена за исплата до 15.05.2022 год. се реализираше до 31.05.2022 год. Со оваа исплата и со искористувањето на депонираните средства РК ВАРДАР 1961 АД Скопје сметаше дека целосно се подмируваат заостанатите обврски пред преземањето на клубот.

    Досега ниту еден играч нема поднесено тужбено барање пред суд во Македонија или пред Арбитражен суд на ЕХФ за износ поголем од исплатениот износ.

    Составот за новата сезона е веќе направен и со право сметаме дека сме посилни од лани. Донесените засилувања беа ангажирани со цел да одиме чекор напред.

    Вардар бил и секогаш ќе биде македонски спортски бренд. Како таков заслужува да добие поддршка кога му е најпотребно, зошто пријателите се познаваат токму во такви ситуации.

    Во следните неколку денови ќе имаме почиста слика за ситуацијата со клубот, а нашите следни чекори ќе бидат обелоденети во понеделник за кога клубот ќе има прес-конференција на која ќе објави повеќе детали.

    Михајло Михајловски
    Генерален менаџер на РК Вардар 1961 АД

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир

    06/07/2022

    На СП 2023 година Македонија ќе игра во Краков, а противници ни се Норвешка, Аргентина и Холандија

    02/07/2022

    Брестовац е нов тренер на Тиквеш

    02/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин е во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон
    • Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир
    • Решено е: Ибрахимовиќ останува во Милан уште една сезона
    • Бергвајн на медицински прегледи па трансфер во Ајакс
    • Нуњез е најдобар играч во португалската лига за минатата сезона
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.