Женската репрезентација на Македонија ја доби Романија како противник во баражот за Светското првенсто во Шпанија што ќе се игра во декември оваа година.
Последна пречка за настап на нашите ракометарки на Мундијалот ќе биде селекцијата на Романија. Првиот натпревар ќе се игра во Романија на 16/17 април, додека реваншот е во Македонија на 20/21 април.
Победниците од десетте бараж средби ќе обезбедат место на Светското првенство во Шпанија, каде освен домаќинот, место имаат обезбедено шампионот Холандија, како и најдобрите четири селекции од последното ЕП – Норвешка, Данска, Франција и Хрватска.
Бараж двојки:
Турција – Русија
Чешка – Швајцарија
Словенија – Исланд
Словачка – Србија
Украина – Шведска
Австрија – Полска
Унгарија – Италија
Романија – Македонија
Португалија – Германија
Црна Гора – Белорусија