Новата сезона во регионалната кошаркарска БИБЛ лига ќе почне со сиромашни 6 учесници. Официјалната програма е потврдена, што значи дека ова ќе биде една од најсиромашните сезони во ова кошаркарско натпреварување.
Македонија ќе има еден претставник, а тоа е тимот на Кожув, кој се враќа по една година пауза. Покрај гевгеличани оваа сезона во оваа лига ќе бидат и Берое (Бугарија), Приштина (Косово), Академик Бултекс (Бугарија), Башкими (Косово) и Теута (Албанија).
Регуларниот дел од 11. сезона ќе се состои од 10 кола.