Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко, на крајот на сезоната ќе се повлече од ракометниот состав Вардар, стои во објавата на официјалниот веб-портал на „црвено –црните“.
„Приходот кој во изминатите години го добиено ракометниот тим од Европската ракометна федерација и од спонзори не е ниту 10% од буџетот што јас го давам годишно. Тоа е причината поради која од наредната сезона нема да бидам во можност да го финансирам ракометниот клуб Вардар“ – стои во објавата на Самсоненко.
Ќе потсетиме дека машкиот ракометен тим на Вардар во 2016 година ја освои Лигата на шампионите додека женскиот состав во дури четири обиди не успеа да го освои врвот на Европа. Познато е дека Самсоненко е спонзор и на фудбалскиот состав Вардар.