Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Савевски пред ЕП 2022: Ќе направиме чекор напред во нашата игра и квалитет
    Ракомет

    Савевски пред ЕП 2022: Ќе направиме чекор напред во нашата игра и квалитет

    sasoBy saso04/11/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Женската ракометна репрезентација на Македонија утре во СЦ „Борис Трајковски“ со првиот меч против Франција го почнува настапот на ЕП чиј ко-домаќин е и нашата земја. Во исчекување на премиерниот дуел со фаворитот Франција, денеска на средбата со новинарите селекторот Љубомир Савевски ги изнесе своите очекувања од првенството.

    „Се надевам ќе успееме да направиме чекор напред во играта во транзиција и преодот од напад во одбрана. Во вториот дел од подготовките работевме и на тактичките определби, иако негативно е што не успеавме да најдеме противник за пријателски средби. Дуелите со Франција и Холандија ќе бидат како припремен дел, бидејќи сите ја гледаат шансата против Романија. Иако се смета за „послаба“ репрезентација, ја гледав против Германија и не е така. Можеби не е толку брза во игра како првите две, сепак, важи за квалитетна селекција. Пред една година започнавме со припрема, во овој состав имаме четири кадетки, а планирани беа шест или седум. Тука има и јуниорки, како и други млади ракометарки. Задоволен сум од овој состав, се наѕира екипа која може да игра близу до стилот на светскиот ракомет. Со сигурност ќе имаме најмлад тим на турнирот“, вели Савевски.

    Македонија утре од 18 часот ќе ја има премиерата на домашен терен на ЕП 2022 против Французинките.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Вардар не го дава врвот, славеше убедливо против Еурофарм Пелистер

    26/03/2023

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер
    • Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем
    • Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција
    • Челзи и Тотенхем го сакаат Нагелсман на својата клупа
    • Букајо Сака пред нов договор со Арсенал, ќе добие 4 пати поголема плата !
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.