Спектаклот „Сите ѕвезди“ кој вечерва не очекува во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи пред полни трибини, откако беа продадени сите билети.
Повеќе од 6.000 љубители на спортот ќе имаат уникатна можност да го видат најдоброто од македонскиот ракомет на едно место.
Она што го имаше машкиот ракомет во изминатите години и она што го има сега и е иднина на нашиот ракомет ќе биде на теренот во СЦ „Борис Трајковски“.
Ревијалниот натпревар што ќе има хуманитарен карактер ќе започне од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
20 ветерани предводени од Звонко Шундовски и Илија Темелковски, ќе бидат на една страна, додека избраниците на Кире Лазаров ќе бидат нивните „противници“ на друга страна.