Актуелнио Европскиот првак и македонски претставник во СЕХА лигата, Вардар 1961 се наоѓа на чекор до пласман на завршниот турнир од регионалната СЕХА лига, а за да ја брани титулата му претстои реванш четвртфиналниот меч со хрватскиот Нексе.
Истиот беше предвидено да се игра во март, но поради пандемијата со Ковид-19 истиот беше одложен. Денес стигна потврдата за одигрувањето на овој реванш натпревар.
СЕХА лигата заедно со Вардар 1961 се договориле средбата да се одигра на 29 август во Скопје со почеток во 20:15 часот без присуство на гледачи. Првиот натпревар во Хрватска го доби Вардар со 30:31. Нашиот тим е еден од двата тима во СЕХА лигата што досега настапувал на сите девет Ф4 турнири. „Црвено-црните” се петкратни освојувачи на лигата, а со тоа и најуспешен тим во историјата на ова регионално натпреварување.
Покрај овој натпревар ќе треба да се одигра и реваншот меѓу Веспрем и Војводина, меч кој ќе се игра на 25 август. Досега пласман на „Фајнал 4“ турнирот кој треба да се игра во Задар обезбедија екипите на ППД Загреб и Мешков Брест.