Новата сезона од регионалната СЕХА лига ќе започне напролет. Денес беше објавен составот на групите и системот на натпреварувањето. Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе ја претставуваат Македонија и се распоредени во различни групи.
Битолчани ќе играат со Војводина и Нексе, а вардарци за ривали ги добија Партизан и словачки Татран Прешов. Во оваа група на регионалната лига повластена улога имаат ППД Загреб и Веспрем, кои ќе се приклучат во четвртфиналето. За разлика од претходните сезони, сега се игра и руско-белоруска СЕХА лига, од каде најдобрите екипи, заедно со најдобрите од балканската група ќе се соочат на „фајнал-фор“ турнир.
Група А
Еурофарм Пелистер
Нексе Нашице
Војводина
Група Б
Вардар 1961
Татран Прешов
Партизан
Четирите победници од четвртфиналните двојки ќе играат на завршниот турнир, кој е планиран од 21 до 23 април 2023 година.
Титулата од минатата сезона ја брани унгарски Веспрем.