Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»СЕХА- лигата полека го добива својот нов изглед
    Ракомет

    СЕХА- лигата полека го добива својот нов изглед

    risteBy riste25/05/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Како што најави раководството, СЕХА-лига од наредната сезона дефинитивно ќе има многу новитети.

    Секако на прво место се учесниците во ова натпреварување, покрај враќањето на Веспрем и учеството на кинескиот тим, и можното приклучување на грчки Олимпијакос, дебитант во лигата ќе биде Еурофарм Работник, додека местото на Железничар ќе го потполни друга екипа.

    Станува збор за Металопластика од Шабац, по нерешените (28-28) со Војводина дојде до решавачкиот бод предност пред Железничар на табелата и следната сезона тие ќе бидат во СЕХА-лига.

    Засега неизвесен е изгледот на составот на актуелниот првак и рекордер во регионалното натпреварување, Вардар. „Црвено-црните“ дури по завршување на Ф4 турнирот во Келн ќе имаат јасна слика за својата иднина и како ќе изгледа ростерот на оваа екипа за следната сезона.

    Најавата е дека Вардар ќе има конкурентен состав за ЕХФ Лигата на шампионите и СЕХА лигата што е важно за клубот, навивачите, но и за самата лига.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кадетите изборија и втора победа на ЕХФ шампионатот во Рига

    09/08/2022

    Кадетките вечерва против Шведска во главната фаза на СП

    03/08/2022

    Ракометарките со убедлива победа против Узбекистан

    31/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.
    • Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата
    • Младите „пелистерци“ се подготвуваат во Маврово
    • Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите
    • Њукасл нема да бара замена за Шелви
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.