Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денес го скрати списокот на повикани ракометари за стартот на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
На првично список беа 35 имиња, а за првиот собир отпаднаа 14 ракометари. Место во скратениот список немаше за голманите Трајкоски и Гогов, потоа крилните играчи Ојлески, Димитриоски, Поповски, Никола Костески и Петковски, младиот пивотмен Симоноски. Во бековската линија изостанаа Мишевски, Ѓорговски, Танкоски, Димитриовски и Саврески, додека за дефанзивните позиции ќе го нема Омерагиќ.
![](https://sportskoradio903.com.mk/new/wp-content/uploads/2022/10/spisok-lazarov.png)
Македонија првиот натпревар го игра во Скопје со селекцијата на Луксембург (12 октомври), додека четири дена подоцна се гостува на Турција во Ван (16 октомври).
Првиот собир на репрезентативците е закажан за 9 октомври во 14:00 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.