Македонската машка ракометна репрезентација денес ќе го има првиот собир по настапот на Европското првенство во Германија. Селекторот Кире Лазаров со своите избраници во петок и сабота ќе играат пријателски натпревари против Романија во градот Браила.
Кире Лазаров на списокот стави 21 ракометар, но сосема е јасно дека нема да смета на најмалку тројца од планираните.
Повредени се Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриновски, кои ќе ги пропуштат овие два контролни натпревари, а очекуваме да видиме дали Лазаров ќе повика дополнително некој нов играч на нивно место.
Собирот е закажан за денес 11.03.2024 (понеделник) со почеток во 16.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.
Натпреварите против Романија се дел од подготовките за бараж двомечот со Фарски Острови за пласман на Светското првенство.