Мартин Серфимов го заврши натпреварот со Австрија со два постигнати гола, а со тоа даде сво придонес во освоениот бод на Макеоднија против Австрија (29:29).
По натпреварот, Серафимов истакна дека сите треба да се задоволни од она што Македонија го прикажа на средбата која имаше драматична завршница.
„Треба да сме среќни затоа што успеавме да извлечеме бод од овој дуел со последниот гол на Кузмановски. Не треба да жалиме, само да одиме напред. Австрија играше седум на шест, цело време ја играат таа игра и затоа против нас ја изведоа доста квалитетно.
Сега ни следи средбата со Катар, против нив мора да дадеме максимумот доколку сакаме да победиме. Многу е важно што сите играчи се свесни што можеме, добра е атмосферата меѓу нас и веруваме во себе во секој момент од натпреварот“, изјави Серафимов.
Македонија својот следен натпревар на СП 2025 ќе го игра против Катар на 23 јануари (четврток) со почеток од 15.30 часот.

