Јоанис Сферопулос, тренерот на кошаркарите на Црвена Ѕвезда, зборуваше по поразот од Будуќност во 20. коло од АБА лигата. Тој нагласи дека тимот од Црна Гора делувал посвеж од неговиот состав.
„Беше тежок натпревар, не почнавме добро, одигравме подобро само во второто полувреме, дадовме се од себе на крајот. Имавме шанса да победиме. Мечот отиде во продолженија, беа посвежи, постигнаа тешки поени и победија“ – рече Сферопулос.
Тренерот на „црвено-белите“ објасни дека Aмериканецот, Ајзеа Кенан, нема никакви проблеми и дека само бил поштеден за мечот.

