Битола денеска е обоена во „зелено“. Ракометарите на Еурофарм Пелистер на денешната пресметка со Тиквеш и официјално ја започнаа големата прослава по повод освојувањето на шампионската титула. Ракометарите на Тиквеш се потрудија во духот на фер-плејот со шампионски шпалир да ги пречекаат противничките ракометари на почетокот на мечот, чиј резултатски епилог е сосема неважен.


