Поранешниот генерален менаџер на Лос Анџелес Лејкерс, Мич Купчак, потпиша договор со кошаркарскиот состав на Шарлот Хорнетс.
63-годишниот специјалист ја презема функцијата претседател и генерален менаџер на клубот од НБА, објавија денеска светските агенции. Тој во екипата на Шарлот ќе го замени Рич Чо, кој полека го одработува договорот и нема да добие нова шанса. Ќе потсетиме дека тимот на Шарлот Хорнетс е во сопственост на легендарниот, Мајкл Џордан.
„Среќен сум што ќе му се приклучам на Шарлот. Разбирам колку е значајна кошарката за градот и за државата. Уверен сум дека сите ние ќе изградиме еден победнички тим со кој сите фанови ќе се гордеат” рече Мич Купчак кој беше ослободен од Лејкерси во февруари во 2017 година.