Следното 42. издание на Евробаскетот во машка конкуренција, кој ќе се одржи во септември 2025 година, повторно ќе биде организиран во четири земји, а по веќе успешната формула за повеќе градови-земји, која за првпат беше воведена во 2015 година.
Летонија, Унгарија, Русија и Украина поднесоа понуди за организатори на групната и завршната фаза, а во меѓувреме, Кипар и Финска испратија понуди за организирање на групната фаза.
ФИБА Европа ќе изврши инспекција на кандидатите меѓу октомври 2021 и јануари 2022 година, а пред Одборот на европската зона на ФИБА да одлучи кои четири града ќе станат домаќини на овој европски собир на најдобрите репрезентации.

