Шмид: „Доколку играме како против Данска, ќе ја победиме Македонија“

0

Ракометната репрезентација на Македонија ја очекува последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Нашите ракометари веќе имаат обезбедено пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија но посакуваат со победа да ги завршат квалификациите. Противникот со свои амбиции доаѓа во Скопје и мора да победат доколку сакаат настап на ЕП.

Најдобриот швајцарски ракометар, Енди Шмид, вели дека нема да биде лесно против нашата селекција.

„Уживам додека играм за репрезентацијата. Сега треба да го направиме клучниот чекор за да одиме понатаму. Многу малку ни недостасува за да бидеме одличен тим. Ако одиграме како против Данска, сигурно ќе ја победиме Македонија, иако ни е јасно дека тоа ќе биде сосема поинаков натпревар“, изтакна Енде Шмид.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Share.

Leave A Reply