Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Шпанија и Франција ќе се борат за европското кошаркарско злато
    Кошарка

    Шпанија и Франција ќе се борат за европското кошаркарско злато

    risteBy riste18/09/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Завршен ден на Евробаскетот кој треба да ни го даде новиот шампион на Европа. Шпанија и Франција останаа до самиот крај и во денешното финале ќе се надигруваат за освојување на европската титула. Французите во полуфиналето убедливо ја поразија Полска, а тимот на Шпанија ја надигра домашната репрезентација на Германија.

    Шпанија ја докажа својата доминација во текот на изминатите години, победи на три од последните пет изданија на континенталниот собир. Тоа е показател за добрата работа и стратегија која им овозможува да владејат во европската репрезентативна кошарка. Ова е реприза на финалето од пред единаесет години. Тогаш Шпанија го доби дуелот со Франција и стигна до европското злато.

    Според обложувалниците благ фаворит е Франција која има поголем ростер. Но, никој нема да ја отпише Шпанија, која и со изменет состав покажува дека заслужува да биде на врвот. Како предигра на финалето кое се игра во Берлин од 20.30 часот, Германија и Полска ќе се играат за бронзата (17:15 часот).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ

    03/02/2023

    Далас победи, но Дончиќ се повреди

    03/02/2023

    Дончиќ брзо jа надмина повредата и одигра нов фантастичен меч

    31/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.