Светската ракометна федерација (ИХФ) ги објави имињата на официјалните лица за натпреварот на Македонија од второто коло во главната рунда на СП во Хрватска, Данска и Норвешка.
За натпреварот кој нашата репрезентација го игра денес против Катар во Вараждин, делегирани се судии од Шпанија.
Станува збор за Игнасио Гарсија и Андреу Марин Љоренте, додека делегати се Олесен од Данска и Забала од Аргентина.
Натпреварот меѓу Македонија и Катар се игра денеска во „Арена Вараждин“ со почеток во 15:30 часот, ова е дуел кој може да ја остави нашата репрезентација во битка за повисок пласман во оваа група.

