Кошаркарите на МЗТ Скопје успеаа да го победат Работнички во дербито на колото со 80 спрема 76 и да си ја обезбедат втората позиција на табелата в пресрет на елиминацискиот дел.
Во убава атмосфера во СЦ Јане Сандански што ја создадоа фановите на двата тима, домаќините беа повешти и попрецизни кога беше најпотребно и сосема заслужено го совладаа градскиот ривал. Во домашниот табор Џордон Крафорд запиша 16 поени и 10 асистенции додека Бојан Трајковски постигна 12 кошеви.
Во поразениот тим во поглед на реализација се издвои Чавдар Костов со 27 поени додека Еванс застана на 12 кошеви. Работнички и покрај поразот ќе ја има пол-позицијата во последниот дел од шампионатот.