Управата на РК Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид.
Од страна на клубот му се заблагодарија на Ангеловски на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол година. Му посакаа среќа и успеси во понатамошните професионални предизвици.
Клубот наскоро ќе го именува новиот тренер, а дотогаш екипата ќе ја води Звонко Шундовски, објавија од Еурофарм Пелистер.

