Кошаркарот на Химки, Алексеј Швед, во текот на летото добил дури четири понуди од екипи од НБА лигата, но, одлучил да остане во тимот од Русија бидејќи е задоволен од финансиските услови.
Неговиот агент задолжен за трансфери во изјава за медиумите потенцирал дека 29-годишниот бек-шутер е задоволен од условите во Москва и дека нема намера да се пресели во Соединетите Американски Држави додека не добие навистина примамлива понуда.
„Годинава Њу Орлеанс, Минесота, Феникс и Мемфис испратија понуди за Швед. Најголемата понуда беше 4 милиони долари, но, тоа не ги исполнува нашите барања. Швед нема потреба да се докажува, затоа треба да добие многу подобра понуда“ – изјавил агентот на кошаркарот кој во континуитет е меѓу најдбрите во редовите на Химки.