Капитенот на шведската ракометна репрезентација, Џим Готфридсон, повеќе нема да игра на СП. Тој се повреди вчера во четвртфиналето против Египет и нема да биде на располагање за полуфиналето на Шведска против Франција во петок и натпреварот за медал во недела.
Готфридсон ја повреди левата рака и мораше да го напушти теренот веќе во првото полувреме против Египет и беше однесен во болница за да биде прегледан. Рендгенските снимки покажале дека раката е скршена, а тој нема да игра ракомет во наредните два месеци.