Ракометната репрезентација на Шведска, вчера по пауза од 20 години успеа да се искачи на тронот на Европа. Во финалетона ЕП во Будимпешта, Швеѓаните ја совладаа Шпанија и успеаја да го освојат европското злато.
Меѓу оние кои беа најсреќни по поразот беше и селекторот на Шведска, Норвежанецот Солберг кој не ја криеше радоста по мечот.
„Невозможно е да се опише, толку сум горд. Горд и трогнат. Горд сум на оваа група момци кои се фантастични. Одиграа онака како што се договоривме. Имавме проблем со ковидот и други работи беа против нас, но сепак се справуваме со тоа најдобро што знаеме. Ова е нешто големо, многу големо“, изјави селекторот на Шведска, Глен Солберг.