Младиот македонски кошаркарски репрезентативец, Теодор Симиќ конечно почувствува како е да се игра за сениорскиот национален тим. Тој ја доби шансата од селекторот Драган Бајиќ кој му даде неколку минути на средбата со Словачка, а сега може да очекува минути и на средбата со Швајцарија.
За дуелот со Швајцарците, Симиќ вели:
„Со Швајцарија ќе биде исто така тежок натпревар за нас како и оној првиот. Се работи за одличен противник. Но со победата над Словачка се крена самодовербата во тимот. Покажавме дека имаме квалитет. И ако одиграме како против Словачка во одбраната, нема да имаме проблем на овој натпревар. Нормално очекуваме уште поголема подршка од трибините за овој натпревар“.