Тони Симиќ повеќе не е тренер на КК Работнички. Легендата на клубот од „Градски Парк“ си поднел оставка која била прифатена од управата на клубот. Центарци имаат големи проблеми во оваа сезона и тоа од финансиски природа, странците веќе си заминаа, па на последниот лигашки меч Работнички доживеа вистински дебакл против Феникс.
На таа средба Симиќ не беше на клупата поради здравствени проблеми. Останува да се види кој ќе биде следниот потег на Работнички и кој ќе биде наследникот на Симиќ кој ќе го води клубот до крајот на сезоната.