Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави списокот на повикани ракометарки за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Светско Првенство 2021 Шпанија.
Ракомнетарките се е дел од групата 2 заедно со репрезентациите на Грција, Исланд и Литванија. Натпреварите од групата ќе се одиграат во период од 19-21.03.2021 година.
Еве го распоредот: 19.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Исланд, 20.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Литванија, 21.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Грција