Шериф О’Нил, кој е син на кошаркарската легенда, Шекил О’Нил, ги користи социјалните мрежи за да ја извести јавноста дека го напушта Универзитетот –„ UCLA“.
20-годишниот крилен центар кој е висок 206 сантиметри, досега имаше одиграно по 10 минути на 13 натпревари за неговиот тим со просек од 2,2 поени и 2,9 скока. Шериф требаше да го направи своето деби во колеџ-сезоната 2018/2019, но, тоа беше подложено поради операција на срцето.
„Моите родители ме научија дека транспарентноста е најдобрата форма на комуникација. Во таа мисла, денеска објавив дека го напуштам – „UCLA“. Дел од моето срце секогаш ќе биде тука – буквално и фигуративно. Со нетрпение го очекувам следниот предизвик, што и да е “- напиша Шериф.

