Судиите од Шведска, Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, ќе го водат денешниот меч меѓу Македонија и Исланд во рамките на псоледното коло во групата „Б“ на светското првенство во Германија и Данска.
ИХФ одлучи во завршната рунда да направи ротација на неколку судиски двојки иако претходно беа одредени да одработат само во една група. Швеѓаните Куртагиќ и Ветервик кои беа активни во Берлин сега ќе допатуваат во Минхен.
Тие досега ги водеа средбите од групата „А“ меѓу Бразил и Франција, Русија – Германија и Србија – Кореја.