Европската куќа на ракометот денеска ги објави деталите за претстојното Европско првенство во женска конкуренција. Скопје е еден од организаторите на настанот, како еден од четирите градови каде ќе се одиграат натпреварите од прелиминарната фаза по групи.
Скопје ќе биде организатор на групата „Ц“, што автоматски значи дека Македонија како домаќин ќе биде сместена во оваа група. Европското првенство ќе се одигра од 4. до 20. ноември следната година.
ЕП 2022
Прелиминарна рунда:
Група А, Љубљана (Словенија)
Група Б, Целје (Словенија)
Група Ц, Скопје (Македонија)
Група Д, Подгорица (Црна Гора)