Пред стартот на СП во ракомет во Полска и Шведска на кое ќе учествува и нашата ракометна репрезентација, Пивара Скопје и Скопско ја најавија новата маркетинг кампања која ќе биде целосно посветена на настапот на Македонија на ова СП во ракомет.
На денешната прес-конференција беше најавено пуштање во продажба на нова лимитирана едиција на Скопско и Скопско смут со потписот и имињата на ракометарите кои ќе настапуваат за Македонија на ова СП. Во име на компанијата, оваа кампања ја представи Катерина Теовска , Маркетинг директор на СКОПСКО.
„Скопско како горд подржувач на спортот, ракометот и нашите репрезентативци и овој пат ја продолжува својата соработка со РФМ и лансира една сеопфатна маркетниг кампања со која ќе ја изрази својата поддршка и ќе им даде глас на навивачите на еден афтентичен начин.Сакам да изразам искрени честитки за организацијата на вчерашнот настан од страна на РФМ, навистина беше преубава атмосфера и ја видовме моќта на ракометот која ги сплотува луѓето и видовме како нашите навивачи ја сакаат и поддржуваат македонската репрезентација.Во таа насока Скопско чувствува одговорност како бренд кој што е афтентично македонски и е секогаш дел од тие навивачки и славенички моменти и уште еднаш да им даде начин и глас на нашите навивачи како да ги бодрат ракометарите.Во таа насока лансираме специјална лимитирана едиција на Скопско и Скопско Смут кои ќе ги носат броевите , потписите и имињата на нашите репрезентативци од оваа нова генерација предводена од селекторот Кире Лазаров. Слоганот на кампањата е „Навиваме сложно и се е можно“ и токму тоа е нашата порака дека кога играме сложно и заедно се е можно“ истакна Катерина Теовска, Маркетинг директор на СКОПСКО.