Бекот на ракометниот тим Вардар, Сташ Скубе, во интервју за ЕХФ пред да биде одложен мечот со Пик Сегед во фазата на елиминации, потенцира, дека „црвено-црните“ поминуваат турбулентна сезона и дека тоа ги прави карактерно посилни.
Интернационалецот од Словенија кој ќе излезе на мегдан токму со неговиот поранешен состав, вели дека работите започнале да се менуваат кога клубот се соочи со заминувањето на играчите поради финансиските проблеми.
„Нема да има големи изненадувања меѓу нас и Пик Сегед. Сите се познаваме многу добро. Сепак, мора да бидеме реални. Тимот кој претходно ја освои титулата во Лигата на шампионите не може да се спореди со сегашниов. Се надевам дека ќе има промени и дека работите ќе одат во позитивна насока“ – изјави Скубе.