ГРК Охрид утре го пречекува тимот на Дукла Прага во првиот натпревар од осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп, натпреварување во кое нашиот преставник ппосакува да го повтори успехот на Алкалоид од минатата сезона.
Тимот имаше неколку промени во играчкиот кадар, а за тоа зборувавме со спортскиот директор на клубот, Славчо Ристески.
„Периодот за пауза го искористивме да направиме одредени промени во играчкиот кадар, неколку играчи заминаа, а донесовме три квалитетни засилување, едно со Бундеслигашко искуство и две засилувања кои се добро познати на нашата спортска јавност. Мислам дека сега имаме тим кој може да цели на високи резултати и во ова натпреварување. Тимот на Дукла Прага е квалитетен тим во чии редови настапуваат тројца репрезентативци на Чешка, а имаат и квалитетен тренер. Сепак ние имаме доволно квалитет за да бидеме оптимисти пред овој двомеч со противникот од Чешка. Посакувам да оствариме победа со повисока разлика пред нашата публика во Охрид и со позитивен резултат да патуваме на реваншот во Прага. Очекуваме салата „Билјанини извори“ да биде исполнета до последно место,а тоа многу ќе им значи на играчите и на нас како управа на клубот“ рече во разговорот за Спортско радио 90,3 ФМ , Славчо Ристески.
Аудио изјава на Славчо Ристески на следниот линк:
https://audio.com/sportsko-radio-90-3-fm/audio/gotov-razgovor-so-slavco-risteski-grk-ohrid-130226
https://audio.com/sportsko-radio-90-3-fm/audio/gotov-razgovor-so-slavco-risteski-grk-ohrid-130226

Натпреварот меѓу ГРК Охрид и Дукла Прага се игра в сабота од 18 часот во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

