Претседателот на словенечката кошаркарска федерација, Матеј Ерјавец, потврди, дека Радо Трифуновиќ кој ја презеде селекторската функцијата во 2017 година сега ќе има нова улога. Тој во интервјуто за –„Дневник“, истакна дека тренерот на ЦСКА (Москва), Димитрис Итудис, може да го преземе кормилото на Словенија.
„Во моментов не може да се склучи официјален договор затоа што ниту ние ниту Итудис не знаеме како ќе се одвиваат работите. Ние сме во секојдневен контакт, но, темите за кошарката не се во прв план“ – вели Ерјавец.
„Значајно е како се нашите семејства и така натаму. Ќе се зборува за кошарката штом се воспостави каква било стабилност – распоредот на клупските и националните тимови“ – рече Ерјаверц.