Кошаркарската репрезентацијата на Словенија на Европското првенство во Берлин остана без услугите на Зоран Драгиќ, кој поради повреда го заврши своето учество на Евробаскетот 2022.
Лошите вести за словенечката репрезентација во пресрет на четвртфиналето против Полска, стигнаа откако Драгиќ го повреди бутниот мускул и лекарите потврдија дека тој нема да може да и помогне на селекцијата до крајот на турнирот.
Помладиот од двајцата браќа Драгиќ се повреди на крајот од првото полувреме од осминафиналето против Белгија.