Ракометната репрезентација на Македонија славеше со 30:27 во последниот меч против Турција со кој ги затворивме квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година во Германија со пласман на второто место.
Во последниот меч на Гоце Георгиевски, нашите ракометари ја оправдаа фаворитската улога, а во финишот блескаа Марко Митев и Мартин Томовски кои не вратија во игра, откако Турците од почетокот на вториот дел, па се до десетина минути пред крајот имаа контитулирана предност и од 3 гола разлика.
Пред стартот на натпреварот, РФМ му додели врамен дрес на Гоце Георгиевски кој заминува во репрезентативна пензија.
Митев и Пешевски со по пет гола беа лидери кај нас, а Томовски имаше 16 одлични интервенции. Гоце Георгиевски на последниот меч во националниот дрес постигна два гола.