Во натпревар со две различни полувремиња, ракометарите на Вардар не дозволија пораз во Нови Сад во реванш мечот од четвртфиналето на СЕХА лигата. Иако губеше по првото полувреме, македонскиот шампион во вториот дел заигра како што треба и забележа убедлива победа од 32-26 со која го потврди своето емсто на завршниот турнир.
Вардар го доби и првиот меч во Скопје со 13 разлика па реваншот и се најавуваше како чиста формалност. Сепак, домашните имаа желба да му нанесат пораз на двократниот европски шампион, па во првиотд ел влегоа со предност од 16-11.
По паузата Вардар заигра многу посериозно и брзо се врати во предност за победа.