Кошаркарите на Феникс по втор пат ја искористија предноста на домашниот терен и поведоа со 2-0 во финалето на НБА лигата.
Тие во текот на ноќта славеа против Милвоки со 118 спрема 108 благодарение на одличната игра во втората четвртина. Кај домаќинот се издвои Девин Бакер со 31 постигнат поен, пет скока и шест асистенции. До него беше Бриџис со 27 поени додека Пол постигна 23 поени и направи осум асистенции. Во редовите на Милвоки Јанис Адетокумбо направи дабл-дабл со 42 поена и 12 скока.
Финалната серија во НБА лигата од понеделник ќе се пресели во арената на Милвоки.

