Единствените две непоразени селекции ќе се судрат вечерва во финалето на 28-то Светско првенство. „Тешкашите“ Франција и Данска се стремат кон уште еден трофеј во онака импресивното портфолио кое го имаат од големите натпреварувања.
Данска би можела да стане првата селекција која освоила три светски титули во низа, а Франција се стреми кон рекордната седма титула во 28 изданија на ИХФ мундијалите.
Ова е втор пат двете селекции да се судрат во финалето на Светскиот шампионат, откако пред 12 години во Шведска 2011 година, одиграа финале за паметење со продолженија по кои Франција го освои трофејот победувајќи со 37:35.
Од тој меч Франција вечерва има само еден играч, бекот Никола Карабатиќ, додека Данска во тимот има четворица играчи кои го загубија тоа финале: , голманот Никлас Ландин, бековите Микел Хансен и Расмус Лауге Шмит и десното крило Ханс Линдберг.
Финалето во Стокхолм вечерва тргнува од 21 часот.