Кошаркарските репрезентативци Милош Теодосиќ и Бобан Марјановиќ нема да играат за Србија во претстојните две средби од светските квалификации во септември, иако беа ставени во списокот на селекторот Александар Саша Ѓорѓевиќ.
Тој самиот го потврдил ова за медиумите во Србија и најавил дека кошаркарите ќе останат во САД, каде што ќе се подготвуваат за новата сезона во Лос Анџелес Клиперс. Тие се соиграчи во редовите на екипата од Калифорнија.
Србија ја очекуваат два натпревари во септември, ќе гостуваат кај репрезентацијата на Грција и ќе бидат домаќини на Естонија, а средбите се играат на 13 и 16 септември. Србија во оваа втора фаза од квалификациите влегува од претходната група со 4 победи и 2 порази.