Репрезентациите на Србија и Литванија ќе се соочат на 19 март во Ниш, во рамките на квалификациите за Светското првенство во ракомет 2027 година. Натпреварот има големо значење за двете селекции, а особено за српската репрезентација која пред домашната публика ќе се обиде да направи клучен чекор кон пласман на светскиот шампионат.
Посебен белег на овој настан е присуството на Спортското радио од Скопје, кое доби ексклузивна покана да присуствува на натпреварот во Ниш. Поканата доаѓа од поранешни ракометари на РК Вардар, а денес репрезентативци на Србија, меѓу кои се Мијajло Марсениќ, Драган Ѓукиќ и Раул Гонзалез …
Средбата во салата „Чаир“ се очекува со голем интерес, а дополнителна тежина ѝ дава фактот што селекцијата на Србија ја предводи прославениот тренер Раул Гонзалез – поранешен стратег на РК Вардар и освојувач на две европски шампионски титули со скопскиот клуб. Неговото искуство и авторитет претставуваат значаен адут за Србија во овој квалификациски циклус.
Овој гест уште еднаш го потврдува угледот и почитта што Спортското радио од Скопје ја ужива во регионалните спортски кругови. Долгогодишната посветеност, професионалното известување и континуираното следење на ракометот се препознаени од врвни спортисти кои денес се дел од српската репрезентација.
Спортското радио ќе известува директно од Ниш, носејќи ексклузивни информации, анализи и атмосфера од лице место, овозможувајќи им на слушателите и читателите да бидат дел од овој значаен спортски настан. Натпреварот меѓу Србија и Литванија не е само спортски дуел, туку и уште еден доказ за силните врски во ракометот на регионот, каде заедничката историја и меѓусебната почит продолжуваат да градат мостови меѓу Македонија и Србија односно Скопје и Ниш.

