34-годишниот кошаркарски бек, Данило Анѓушиќ (195 см), го напушти тимот на Дубаи и замина во Арис која се натпреварува во Евро-купот.
Тој сака да има поголема минутажа и затоа се определил на таков потег. Кошаркарот одигра по еден натпревар во Јадранската и Евролигата.
Минатата сезона имаше просек од 11 поени, 2,2 скока и 1,8 асистенции за 19,8 минути по натпревар во Јадранската лига за клубот од ОАЕ.

