Тренерот на кошаркарите на Гостивар, Марјан Србиновски, за некоректното однесување на дуелот со Блокотехна и конфликтните ситуации кога одби да го напушти теренот откако му беа покажани две технички грешки, заработи ригорозна казна од КФМ.
Тој нема да седи на клупата на две средби а ќе мора да плати и 90.000 денари (50.000 за техничките грешки + 40.000 по пријава од страна на официјалните лица).
КФМ го санкционираше и тимиот на Гостивар со 60.000 денари за фрлање на предмети, неисправен технички уред и неспортски извици упатени кон официјните лица.