Репрезентацијата на Хрватска доживеа нов пораз во главната фаза на Европското првенство во Германија.
Левиот бек, Звонимир Срна, во изјавата за 24Ракомет ТВ го анализираше поразот од Унгарија и истакна дека сега мислите треба да се насочат кон Исланд.
„Од почетокот не одигравме како што сакавме. Едноставно не влеговме максимално борбено а имавме и повеќе технички грешки. На три добри работи правевме пет лоши. Едноставно сосема заслужена победа на Унгарците“ – вели Срна.