Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Стартува СП во ракомет за кадетки во Скопје, Македонија вечерва против Сенегал
    Ракомет

    Стартува СП во ракомет за кадетки во Скопје, Македонија вечерва против Сенегал

    risteBy riste30/07/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Од денес Македонија и Скопје се домаќини на 32 ракометни репрезентации кои се дел од Светското првенство за кадетки.

    Ракометната репрезентација на Македонија за девојки до 18 години е предводена од Љубомир Савевски и ќе настапи во групата Б, со селекциите на Сенегал, Узбекистан и Иран. Девојките до 18 години во тоа гледаат солидна шанса да се обезбеди една од првите две позиции и да се пласираат во главната фаза на натпреварувањето.

    Патот на овој Мундијал за македонските ракометарки стартува денес против Сенегал во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Првиот ривал на Македонија има проблем, бидејќи доцни со пристигнувањето во Скопје. Сенегалките заглавија на аеродром во Истанбул, па постои можности да допатуваат директно за натпреварот. 

    Веќе утре Македонија ја очекува нов предизвик против Узбекистан, а на втори август ќе играат против Иран, сите натпревари се закажани во терминот од 20:30 часот. 

    Натпреварите на Македонија во групата Б:

    Македонија – Сенегал (сабота, 20:30 часот)
    Македонија – Узбекистан (недела, 20:30 часот)
    Иран – Македонија (вторник, 20:30 часот)

    Освен во салата „Борис Трајковски“, натпревари од овој Мундијал за ракометарки до 18 години ќе се играат во двете сали при СЦ „Јане Сандански“, главната и малата. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА

    03/02/2023

    Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого

    03/02/2023

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.