Македонскиот ракометен шампион Вардар доби нов среден бек. Стефан Додиќ од екипата ан Охрид се сели во најтрофејниот македонски ракометен тим, каде ќе игра до крајот на актуелната сезона.
18-годишниот ракометар по заминувањето од Металург пред нешто повеќе од шест месеци, се реши да го засили Охрид, каде настапуваше со успех и беше еден од клучните ракометари на тимот за пласманот во плеј-офот. Во следнот период до крајот ан сезоната српскиот ракометар ќе ги брани боите на Вардар, откако двата клуба се договорија за начинот на реализација на овој трансфер. Така, Давид Дејвис ќе има на располагање нов среден бек, позиција на која клубот е во голем дефицит, пред сè по повредата на првотимецот Анте Гаџа.
Стефан Додиќ веќе од поодамна договори трансфер во редовите на Киелце, каде ќе се пресели по крајот на оваа сезона, но според најавите од Полска, можно е веднаш да биде пратен на позајмица.