Ракометарите на Вардар се во Брест каде се подготвуваат за утрешниот ½ финален натпревар против домашната екипа на Мешков Брест.
Капитенот на тимот Стојанче Стоилов вели дека Вардар посакува продолжување на серијата победи и да ја одбрани титулата.
„Во ракометот не можеш да се одмараш. Иако имавме висока предност на првиот натпревар со ППД Загреб, реваншот требаше да се одигра. Не може да играш , а да не дадеш максимум, ќе бевме смешни. Но, така беше за нас, така е и за сите други екипи кои се тука. Ние сме Вардар, осми пат сме на „фајнал-фор“ на СЕХА лигата и го браниме трофејот. Ако луѓето мислат дека Мешков Брест е фаворит, мене лично тоа ми одговара, притисокот ќе биде врз нив“, вели Стоилов.
Вардар и Мешков Брест утре од 20 часот го играат ½ финалето, а пред нив двете екипи од Хрватска, ППД Загреб и Нексе ќе се борат за пласман во финалето.