Ракометарите на Вардар испуштија предност од 4 голови во финишот на мечот со Елверум и одиграа нерешено 34:34 во СЦ Јане Сандански во новата рунда во Лигата на шампионите. Тренерот на „црвено-црните“, Стевчо Алушовски, вели дека се повторуваат грешките.
„По секој натпревар доаѓаме на истото дека промашуваме клучни шутеви. Знаеме дека Елверум игра одлично во транзиција. Во првото полувреме тоа го спречивме. Во вториот дел благодарение на Кизиќ дојдовме и до позитива од четири гола, но, повторно нашите грешки не чинеа многу“ – изјави Алушовски.
Вардарци в среда ги чека нова пресметка во елитата на Европа против норвешкиот состав.

