На синоќешното доделување на наградите на најдобрите во македонскат акошарка за 2022 година, без поголема конкуренција, титулата з анајдобар кошаркар му припадна на Војдан Стојановски. Капитенот на нашиот национален тим, и лидер на МЗТ Скопје во изминатата сезона, ја прими наградата и истакна дека е горд што уште еднаш добива вакво признание.
„Многу сум горд. Некако знаев дека пред крајот на кариерата ќе се вратам да играм во Македонија. Многу ми е мерак и многу ми е мило што бележиме успеси со МЗТ Скопје и со репрезентацијата што ја претставуваме Македонија во АБА. Се надевам дека ќе ги оствариме тие цели, дека ќе останеме во тоа друштво, и да продолжиме да ја презентираме македонската кошарка секако надвор од границите на Македонија. Убаво е уште еден клуб да се придружи во АБА лигата. Сметам дека Македонија има таленти, дека има кошарка. И дека многу луѓе сакаат Македонија да има уште еден претставник во АБА лигата“ – искоментира лауреатот за 2022 година.